Мобилниот оператор „Вип“ пред точно пет години се појави на македонскиот пазар ветувајќи вистинска конкуренција, пониски цени и поголем квалитет на производите и услугите. Тогаш операторот, кој работи под префиксот 077, на корисниците им понуди фантастична понуда од 7,7 денари за минута разговор, тарифа за повеќе од 70 отсто пониска од таа на актуелните конкуренти. Оваа атрактивна и едноставна тарифа за разговори придонесе „Вип“ да стане оператор што ќе оствари најдобар почеток во Европа. Сево ова, и постојаните инвестиции, од кои последната во нова 3Г ХСПА+ мрежа е вредна 15 милиони евра, придонесоа „Вип“ за само четири години да се искачи на втората позиција на пазарот со повеќе од 600.000 корисници и со пазарен удел од 26 отсто.
Мобилниот оператор „Вип“ пред точно пет години се појави на македонскиот пазар ветувајќи вистинска конкуренција, пониски цени и поголем квалитет на производите и услугите.
Тогаш операторот, кој работи под префиксот 077, на корисниците им понуди фантастична понуда од 7,7 денари за минута разговор, тарифа за повеќе од 70 отсто пониска од таа на актуелните конкуренти. Оваа атрактивна и едноставна тарифа за разговори придонесе „Вип“ да стане оператор што ќе оствари најдобар почеток во Европа.
Сево ова, и постојаните инвестиции, од кои последната во нова 3Г ХСПА+ мрежа е вредна 15 милиони евра, придонесоа „Вип“ за само четири години да се искачи на втората позиција на пазарот со повеќе од 600.000 корисници и со пазарен удел од 26 отсто.
А вистинската вредност на „Вип“, кој е во целосна сопственост на „Мобилком Австрија“, може да се види не само преку задоволството на корисниците од услугите, туку и преку односот кон вработените, кои работат во компанија која трета година едноподруго е прогласувана за најдобар работодавец во Македонија.
- Со над 600.000 корисници цврсто стоиме на втората позиција на мобилниот пазар, најдобар сме работодавец, први сме по понудените апликативни решенија, имаме нова 3Г ХСПА+ мрежа, во која вложивме 15 милиони евра, и се грижиме за заедницата. Тоа се одлични резултати со кои се гордееме. А за цело време, нашите корисници ни беа главната мотивација и за нив вредно работевме овие 5 години - истакна Никола Љушев, главен извршен директор на „Вип оператор“, на вчерашната роденденска прослава.
По повод петтиот роденден, „Вип“ неодамна ја промовира својата новата 3Г ХСПА+ мрежа, која е предвесник на 4Г и овозможува напредни комуникации со поголем капацитет и повисоки максимални брзини на пренос на податоци. Со ова корисниците на „Вип“ ќе можат да уживаат во одлично искуство при користење мобилен интернет, подобрена 3Г ХСПА+ покриеност во руралните средини и во внатрешноста на урбаните објекти, подобар квалитет на говор и доверливост на податочниот мобилен сообраќај.
Покрај вложувањата во развојот на мрежата, технологијата, маркетингот, кои изминативе пет години достигнаа околу 150 милиони евра, „Вип“ досега вложи и десетици милиони евра во реализација на општествено-корисни проекти на спортот, културата, заштитата на животната средина и здравството.
Финансиските резултати на „Вип“ покажуваат дека вистинските инвестиции се враќаат. Во вториот квартал на 2012 година оперативната добивка изнесува 300.000 евра, што претставува значително подобрување во споредба со оперативната загуба од 2,1 милиона евра во минатата година. Приходите се зголемени за 10,4 отсто и изнесуваат 14,6 милиони евра. Заработката пред камати, даноци, депресијација и амортизација (ЕБИТДА) е петкратно зголемена до 2,5 милиони евра во вториот квартал од 2012 година споредено со 500.000 евра од истиот период лани.
По повод петгодишнината од почетокот со комерцијална работа на македонскиот пазар, специјален гостин на прославата на „Вип оператор“ беше еден од најпознатите светски гуруа за лидерство Робин Шарма. Глобално признатиот автор на „Лидерот без титула“ и „Монахот кој го продаде своето Ферари“ и на уште 11 светски бестселери раскажа поучна приказна за тоа како да се постигне успех на личен и на професионален план.